УЧЕТЕ ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК – ФИРЕНЦА

Со повеќе од 85 милиони луѓе кои го зборуваат, италијанскиот јазик е еден од најпопуларните странски јазици за изучување. Со нивните стравствени звуци и експресивна природа, италијанците инспирираат голем број на странци да почнат да го учат овој моќен јазик. Истовремено, неговата историја ќе ве инспирира дополнително и ќе ви отвори цел свет на нови можности.

Фиренца без сомнение е еден од најбогатите градови кога станува збор за култура, историја и мода. За да добиете претстава колку всушност овој град е импресивен, треба да знаете дека целиот историски центар е под заштита на УНЕСКО. Од прекрасната архитектура, па се до историската уметничка атмосфера, ќе бидете инспирирани од магичната Фиренца.

Италијанските курсеви во Фиренца се наменети за:

  • Студенти од 14 год. и повозрасни
  • За сите оние кои сакаат да учат италијански во главниот град на уметноста
  • Можност да учат во најстарото училиште за јазици во Италија

Запознајте го вистинското значење на Dolce Vita – Сладок живот во родното место на ренесансата и уживајте во убавиот италијански јазик во домот на Леонардо Да Винчи и Микеланџело. Искористете момент и уживајте во вкусната кујна во градот кој е познат по сочните пици и gelato. Прошетајте по плоштадот Piazza dellaSignoriaили земете момент и восхитувајте и се на статуата на Давид. Без разлика што и да одлучите да правите, можете да бидете сигурни дека Фиренца ќе ве збогати и воздигне на секое можно поле. Со толку многу културни места, ова е совршената дестинација за изучување на италијанскиот јазик, откривање на италијанскиот живот и стекнување на пријателства со студенти од целиот свет.

Општи информации за училиштето

  • Најстаро училиште за јазици во Италија
  • Модерни часови по италијански
  • Сертификат по завршување на курсот

Каде подобро би го научиле италијанскиот јазик, ако не во најстарото училиште во Италија? Самото училиште е лоцирано во јазичниот центар Dante Alighieri , кој е познат не самопо убавите згради на Фиренца, туку и по историските атракции. Веднаш на плоштадот Piazza dellaRepublica, ова е перфектната локација за учење на италијанскиот јазик.

Училиштето е опремено со:

  • Модерна и удобна рецепција
  • Пространи модерни учулници
  • Рекреативна област
  • Област со компјутери за учење и интернет

Со помош на талентираниот и искусен тим на професори, часовите ќе ви бидат во опуштен амбиент и ќе ви дозволат да стекнете самодоверба, да стекнете нови пријатели, и да ги усовршите вашите можности како млад студент.

Вашиот италијански курс:

  • E за студенти од 14 и повеќе години
  • Се одвива во мали групи – макс. 15 учесници  по 20 часови неделно
  • Има организирано рекреативни активности во пополадневните часови
  • Сместувањето може да биде во семејство или во интернат на училиштетово соби кои ќе ги делите со цимери
  • Полн пансион – овој курс вклучува и оброци

Училиштето со кое Коузон има соработка во Фиренца ви гарантира дека секој момент ќе ве наполни со енергија, ќе ве инспирира и ќе ви овозможи да го вежбате јазикот дури и по завршување на часовите. Деновите се полни со акција, а вечерите со организирана забава, па затоа и секој студент престојува во комфорно место, каде ќе се чувствува опуштено и удобно, иако е далеку од дома.

*Студентите треба да платат туристичка такса (2,50еур дневно) по пристигнување. Оваа сума не би надминала повеќе од 17,50еур, дури и да останете повеќе од една недела.

Организираната програма со активности им помага на студентите да доживеат неверојатно искуство за време на престојот.

Погледнете пример на организирани активности за време на јазичниот курс.

Цената за дво-неделен јазичен курс со вклучено сместување во семејство, оброци и трансфер од/до аеродром изнесува1145.

Цената за дво-неделен јазичен курс со вклучено сместување во интернат со вклучени оброци и трансфер од/до аеродром изнесува 1795.

За повеќе информации контактирајте не на info@kouzon.com.mk, или на travel@kouzon.com.mk,како и на тел. број 078454418.