Стручни курсеви

СТРУЧНИ КУРСЕВИ ЗА ДЕЛОВЕН АНГЛИСКИ , ФИНАСИИ И ОСИГУРУВАЊЕ,МЕДИЦИНА , МАНАЏМЕНТ И БИЗНИС и ПРАВО

Овие курсеви се наменети за деловни луѓе и млади професионалци кои сакаат да ги продлабочат своите знаења од областа на англискиот јазик на повисоко (професионално) ниво.
Во основа , сите курсеви се организираат индивидуално или во мали групи и секогаш во определни термини кои се во склад со потребите на клиентите.

Динамиката на реализација на овие курсеви е поинтензивна во споредба со регуланите курсеви за учење на Англиски јазик.

Предавачите кои ги изведуваат курсевите се квалитетни и искусни професионалци со повеќе годишно работно искуство.
Реализацијата на истите е ексклузивна можност за совладување на материја со специфична терминологија која е на академско ниво.

Заради фактот што овие курсеви имаат посебен начин на реализација , совладувањето на предвидените теми е гарантирано.
По завршувањето на курсот со сигурност ќе имате поголема самодоверба во користењето на англискиот јазик, ќе го проширите професионалниот речник , многу потечно и попрофесионално ќе се изразувате во областа на Вашата специјалност, во многу ќе го подобрите пишувањето на англискиот јазик ( посебно во делот од граматиката )и со голема сигурност ќе можете да учествувате на интернационални семинари и да работите во мулти културна средина .

За сите наведени групи на изучување на деловен англиски јазик , Коузон нуди повеќе опции кај реномирани училишта во Англија .

За да добиете конкретна понуда од нас Ве молиме да ни испратите е-маил на info@kouzon.com.mk со конкрето барање за термин , времетраење на курсот ( минималниот период треба да биде 2 недели ), информација за нивото на Англискиот јазик кој во моментов го владете и барана дестинација во Англија ( пр. Лондон, Брајтон , Кембриџ или Оксворд ).

По завршувањето на курсот ќе се стекнете со сертификат кој е меѓународно признат .

ВАЖНО :  Покрај англискиот јазик , Коузон Ви нуди можност за усовршување на германскиот јазик за горенаведените области и тоа со курсеви во повеќе градови во Германија и во Виена , Австрија .