10 ПРИЧИНИ ЗАШТО ОВА ЛЕТО ДА ЗАПИШЕТЕ КУРС ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ВО ВИЕНА?

КОУЗОН – ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

 

Бидете и вие дел од најпопуларниот јазичен курс за ова лето во Виена и искористете ја можноста која Коузон ви ја нуди да учите германски во престижни училишта на најдобрата локација во градот на културата – Виена.

Во прилог погледнете ги следните причини зашто веднаш да почнете со изучување на германски.

1. 130 милиони луѓе во светот говорат германски. Германски е мајчин јазик на 101 милиони луѓе во Европа, но во светот приближно 130 милиони говорат германски. Германски јазик се зборува во Австрија, Германија, Швајцарија, Лихтенштајн, Луксембург, делови на Белгија, Северна Италија и иИсточна Франција.

2. По англискиот, германски е втор најважен јазик во трговијата, туризмот и дипломатијата.

3. Исто така, германскиот е еден од најважните јазици во бизнисот.

4. Земјите со германско говорно подрачје нудат најголем број на стипендии за студенти.

5. Со стекнување на сертификат по посета на ваков јазичен курс, добивате голема предност при запишување на престижен факултет во Германија, или друга земја каде се говори овој јазик.

6. Многу поети и филозофи ги имаат напишано своите дела на германски: : Goethe, Schiller, Fontane, Heine, Bernhard, Handke, Jelinek и многу други.

7. Големите музичари и композитори како Моцарт, Бах, Шуберт, Шуман, Хајдн, Бетовен и Вагнер го имаат германскиот за нивен мајчин јазик. Виенската музичка сцена важи за најреномирана и е со светска репутација.

8. Светски-познатите научници како Ајнштајн, Лајбниц, Кеплер, Ниче и Фројд живееле на германско говорно подрачје.

9. Можност за учење на германски директно од наставници со германски мајчин јазик.

10. Стекнување на нови пријатели со кои заедно ќе го подобрите вашиот германски.

За повеќе информации околу понудите за германски јазични курсеви ве молам обратете се на info@kouzon.com.mk, или 078454418.