Општи Услови

  1. СОДРЖИНА НА ПАТУВАЊЕ

Коузон гарантира реализација на програмата според описот. Содржината на програмата ќе се оствари потполно и на опишаниот начин.

  1. ПРИЈАВИ И УПЛАТИ

Пријава за секое патување може да се изврши во секое време со уплата на аконтација назначена на секоја поединечна програма. При резервација на курсот се плаќа аванс од 30% од вредноста на понудата, а остатокот по потврдувањето на резервацијата од страна на училиштето, и тоа најдоцна до 14 дена пред поаѓањето. При пријавувањето кандидатот потпишува апликација и договор дека е запознаен со Општите услови на курсот.

  1. ЦЕНА И ДЕТАЛИ ЗА КУРСЕВИТЕ

Цените за сите курсеви се објавени во соодветна валута во програмата. Секое барање за дополнителни услуги подразбира додатни плаќања.

Програмата за летни јазични курсеви е наменета за луѓе од 11 до 50 години. Минимум временски период за реализација на програмата е една недела. Сместувањето е опционално во фамилија или интернат со полн или полупансион. Исто така во зависност од возрасна група и држави во курсевите се вклучени воннаставни активности и екскурзии кои не се доплаќаат, но има и такви кои се доплаќаат. Јазици кои можат да се изучуваат се англиски, германски, италијански, шпански, француски во државите во кои се зборуваат овие јазици. Дозволено е аплицирање на групи.

  1. ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО

Кандидатот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка на и наплата на отказните трошоци во однос на основната цена на понудениот курс и истите ќе бидат детално објаснети кога ќе се избере програмата и училиштето.

  1. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА

Во случај на болест или незгода во текот на програмата, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ги плаќа патникот. Препорачуваме здравствено осигурување во случај на болест или незгода за време на престојот во странство, кај осигурително друштво.