Групни Патувања

ГРУПНИ ПАТУВАЊА , УЧЕЊЕ ЈАЗИК ВО СТРАНСТВО

Групните патувања се организираат за време на летните месеци , зимскиот училиштен одмор или за одредени празници кога има минимум 7 слободни дена.
Овие патувања во основа се нај атрактивни во летниот период , кога интересот е многу поголем за патување и учење на странски јазик во некоја Европска или преку океанска земја.
Самата привилегија да се биде надвор од Македонија и да се користи странскиот јазик во дневна комуникација се збогатува од фактот што во тој перод има голем број на учесници во летните курсеви од останатите држави од светот

Нашите групи редовно имаат организирано патување од наша страна со водич од Коузон.

АНГЛИСКИ, ГЕРМАНСКИ, ИТАЛИЈАНСКИ , ФРАНЦУСКИ, ШПАНСКИ или РУСКИ ?

Коузон повеќе години организира вакви патувања ширум дестинации низ Европа и Америка.
Сите наши партнери се лицензирани ( акредитирани ) училишта кои имаат големо интернационално искуство и учесници од целиот свет.
Можноста да сезапознаат лица од различни меридијани и пред се да се комуницира со нив е од огромна привилегија за нашите учесници на овие курсеви.
Коузон организира групни патувања за изучување на јазик во Англија, Малта, Германија, Италија, Франција, Шпанија и Русија .

ОПШТИ УСЛОВИ

За да се реализира едно патување во група потребно е да се формира група од најмалку 10 учесници ( курсисти ).
Минималниот период за учество во една програма за група е 2 неделен курс .
Патувањата се реализираат според барањето на групата или по предлог на Коузон.
Коузон ја превзема одговорноста за организирање и реализација на патувањето .
Сите учесници во групата треба да имаат минимално познавање на јазикот од Државата каде што ќе се патува.
Сместувањето на учесниците од групните патувања за изучување на јазик ќе биде :
– во интернат
– во семејства ,по максимум две лица во едно семејство.

За секоја понуда за групни патувања , Коузон подготвува програма за патување којаги содржи сите услови за реализација на патувањето како и условите кои се дел од општите услови за реализација на патување во странство според Асоцијацијата на Туристички Агенции на Македонија *АТАМ

АКТУЕЛНИ ПОНУДИ:


ЈАЗИЧЕН КУРС ПО АНГЛИСКИ ВО СОНЧЕВАТА МАЛТА

Learn languages with a smile!

Има толку многу причини зашто секоја година се поголем број на студенти токму Малта ја избираат како своја дестинација за англиски јазичен курс. Локалните наставници кои го имаат англискиот за свој мајчин јазик, нискиот трошок на живеење, одличните можности за патување низ целиот остров, медитеранската клима и ноќниот живот се само неколку. Дојдете во Малта и откријте ја вашата причина за учење англиски во Малта!

Вашата дестинација на Малта, градот Слиема е едно од главните туристички развиени места на североисточниот брег на прекрасниот остров Малта. Сите посетители тука ги пречекува изобилие на активности, како и многу ресторани, шопинг и ноќен живот.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ


УЧЕТЕ ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ВО БЕРЛИН

Deutsch lernen in Berlin – Warum nicht?  
Learn languages with a smile!

Со многу интернационални компании и организации кои имаат токму тука седиште, Берлин навистина претставува мултикултурен град,  а со тоа и идеално место за вашиот германски курс.

Поминете две неверојатни недели во главниот град на Германија – Берлин и научете го еден од најзборуваните јазици во светот!!!

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ