Коузон е дел од големото ”семејство” на агенции кои работат со најреномираните школи за изучување на странски јазици ширум земјите на ЕУ и светот. Специфика на сите понуди е постојаноста на програмите во текот на целата година. Бенефитот од ова се извонредните цени кои се идентични за сите партнери во системот независно од обемот на работа или бројот на кандидати.
Организирањето на јазичните курсеви е процес во кои тимот на Коузон го вложува сето знаење и професионалност во оваа област имајќи ги во предвид пред се:
- Вашите барања
- Нивото на предходно познавање на јазикот кој сакате да го изучувате
- Перидот кога би сакале да патувате
- Должината на престојот (кој многу често е поврзан со потребата да се усоврши
одреден јазик) - Местото на сместување т.е видот на сместување (семејство, интернат, хостел, хотел, апартман и сл.)
- Дополнителните активности кои ги нудат нашите партнери за време на престојот во земјата на изучување на јазикот.
Ние сме горди на фактот што соработуваме со најдобрите школи и организации на јазични курсеви од Европа и Светот.
Зашто со Коузон?
ЛИДЕР ВО МАКЕДОНИЈА
Од 1997 година, кога го основавме Коузон работиме со повеќе школи од 6 европски држави и нудиме континуирани програми кои се целогодишни. Нашата мисија е да ги разбиеме границите на јазичната комуникација со сите народи од Европа.
КВАЛИТЕТ
Нашиот високо квалификуван и искусен тим дава гаранција дека секој учесник во оваа програма, преку нас ќе го добие најдоброто во Македонија. Ако работиме со најдобрите школи (достапни според цена и услуги), секако дека и ние мораме да бидеме најдобри.
ИСКУСТВО
Ние сме една од ретките агенции во Македонија која има искуство во оваа област повеќе од 15 години. Во изминатиов период многу пробаа но само некои останаа да работат со јазичните курсеви. Коузон ја развива оваа програма со голема желба за уште повеќе успеси во иднина.
ИНОВАЦИИ
Покрај стандардните програми, Коузон понуди и иницираше многу иновативни програми на нашиот пазар. Овие програми се поврзани со таргетирањето на групи на професии кои имаа потреба од изучување на странски јазик според природата на нивната работа.
На ваков начин ние го поврзавме доброто и корисното, бидејќи покрај изучувањето на странскиот јазик, нашите кандидати добиваат и работни понуди преку Коузон.
[URIS id=276]